Bonaderma winter skin

Зимата и акните

Помислата за зимата со снежната белина ❄️ ❄️❄️, празничните декорации,🎄🎄🎄 топлото какао и книгата која не пренесува во други времиња и простори, ни предизвикуваат чувство на радост 😀😀😀

Магијата на зимата и чувството на радост, можат да ни исчезнат со погледот во огледалото кога на лицето си откриваме сува, црвена кожа која се лупи и акните кои се повеќе од било кога. 😞

Зимата со ладното време, сувиот воздух и ветер, не се единствените виновници за одразот во огледалото, туку и нашето незнаење како да се справиме со акните за време на зимскиот период од годината.

Зимата со ладниот воздух и ветерот, ја сушат кожата, се губат влагата и површните маснотии, со што се нарушува нејзиниот интегритет и се намалува одбранбената моќ. Бактериите полесно навлегуваат во кожата и предизвикуваат воспалителни промени и појава на акни.

Зголемената сувост на кожата може да ги активира лојните жлезди да излачуваат повеќе лој поради што им се преполнуваат и зачепуваат одводните каналчиња, се формираат како вреќички исполнети со лој која не може да истекува кон површината на кожата (комедони) и со навлегувањето на бактерии во нив, инфламаторни акни (гнојаници).

Во текот на зимскиот период од годината, дневната козметска рутина треба да се разликува во однос на таа во другите периоди од годината. Треба да се изнајде баланс помеѓу медицинските локални препарати за лекување акнеична кожа и козметските, кои треба да обезбедат доволно хидратација како и замастеност на кожата.

Треба да се избегнуваат кофеинот и алхохолот, бидејќи тие ја извлекуваат водата од кожата. Да се пијат течности ( обична вода). Внесувајте Омега 3 незаситени масни киселини, подмачкајте ја одвнатре кожата со вистинските маснотии! Имајте доволен внес на витамини. Проверете си го нивото на витаминот Д3 кој е од витално значение за здравјето не само на вашите коски…Избегнувајте храна со висок гликемичен индекс, процесирана и храна со конзерванси. Заборавете ја топлата вода за миењето на кожата.

Поздрав и честит Божиќ, ви посакува вашата Бонадерма💫

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *