Christmas tree

Како да се справите со акните за време на празниците

Започнете ја годината со совршена кожа

Новогодишните празници не очекуваат. Многу убави доживувања но и причини да се влошат акните. Потребно е труд, многу труд да се вложи за да не попуштиме пред демоните од новогодишната ноќ и така да ја спречиме појавата на акни.

Контролирајте го стресот! Недостигот на сон и последиците од стресот кога сакате да направите се, а немате време за ништо, го изложува вашето тело на ризик од појава на акни. Презафатени од одговорностите и активностите кои ви ги носат празниците, заборавате на себе и вашата кожа не го добива вниманието кое го заслужува.

Прехранбените тригери на акни се насекаде околу вас – во вашата кујна, на работното место, подарени од вашите сакани, сервирани на празничните забави.

Што можете да направите да го контролирате ризикот од појава на акни во текот на празниците?

#1. Јадете повеќе свеж зеленчук и овошје и одбегнувајте храна која предизвикува акни.

Прехрамбени тригери кои предизвикуваат акни се:

  • Млеко и млечни продукти како сирење, кашкавал, сладолед, крем итн.
  • Храна со висок гликемичен индекс или храна која содржи многу шеќер и рафинирани јаглени хидрати. Заборавете ги газираните пијалоци со многу шеќери.

Кога ќе посетувате празнични настани каде има храна, бидете човекот зајак што ќе ги изеде зеленчуците. Одбегнувајте ги сувомеснатите и други месни преработки, прженици и десерти. Така ќе го избегнете и празничното искачување на килажата!

#2. Пробајте да ги балансирате стресот и одговорностите со релаксација и сон.

Кажете “не” на работи кои можете но не морате да ги направите. Персонална мантра е, се е во ред и се е доволно. Пробајте со ова за време на празнициве и ако делува, слободно продолжете и понатака!

#3. Одржувајте ја вашата рутина за нега на кожата

Одвоите време за да си го измиете лицето и да си ставите од вашата крема за акни секое утро и ноќ во текот на празниците. Ова е добар ритуал кој спречува појава на акни. Може и да го намали вашиот стрес. Ова е “мое време” е втората мантра која ве потсетува дека треба да се грижите за себе.

Измивањето на лицето два пати на ден е важно. Навечер, да ги одмиете нечистотиите собрани преку целиот ден, бактериите, шминката и што ли не друго што може да ги затвори порите и да создаде бубуљици. Наутро, да ја подготвите вашата кожа со миењето за максимално да ги апсорбира третирачки производи за акни.

Добрите третирачки производи за акни кои треба да ги додадете во вашата рутина за грижа на кожата се:

  • Салицилна киселина

Добро навлегува во замастените, запушени пори и помага при отстранувањето црнки. Најлесниот начин да се додаде салицилна киселина на вашата кожа е преку геловите за чистење на кожата.

  • Бензоил пероксид

Оваа состојка ги третира бактериите што предизвикуваат појава на акни, наречени Propionibacterii acnes подобро од сите локални антибактериски и антиакни производи.  Исто така, помага да се исчистат црнките.

Ако е повеќе не е и подобро… така и бензоил пероксидот може да биде иритирачки во високите концентрации. Концентрациите од 2,5% се покажаа ефикасни како и повисоките концентрации. Применувајте го еднаш до два пати дневно во деловите на лицето кои се подложни на акни.

Бензоил пероксид е одличен третман и за т. н. изненадувачки мозолчиња.

  • Ретинол

Ретинолот е витамин А. Припаѓа во семејството на соединенија наречени ретиноиди, во кои се вклучени третиноинот, адапаленот, тазаротенот како и капсулите кај нас познати како Roaccutane. Ретиноидите се моќни лекови во борбата против акните, но за повеќето од нив кај бремените и жените кои дојат, има забрана за употреба поради очекуваните несакани ефекти по плодот или доенчето.

Кремите со ретинол, користете ги во текот на ноќта, пред да си легнете. Помагаат и во борбата против брчките, ги намалуваат лузните и хиперпигментациите ( црвените и кафени флекички) предизвикани од акните.

Кремите против акни содржат и патентирани, високо концентрирани антиоксиданси добиени од зелен чај, кои ќе ја заштитат вашата кожа од слободните радикали. Ова е важно бидејќи кожата подложна на акни страда од оксидативен стрес поради бројните слободни радикали.

Не заборавајте дека комплетната нега на кожата ги вклучува четирите чекори: чистење, регулација на лојната секреција, хидратација и заштита.

Заштитете ја вашата кожа од УВ оштетувањето што води до брчки и неравномерна пигментација на кожата.

Збогувајте се со Старата и започнете ја Новата година со совршена кожа!

Искрено Ваша, Ве сака Бонадерма

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *