Oil Skin

Масна и сензитивна кожа на лицето?

Масната кожа е склона на појава на акни. Кога масната кожа е и сензитивна, склона е и на појава на црвенило, сувост и лупење како резултат на делувањето на различни фактори од околината. Тие се топлото и ладно време, ветарот, дождот, аерозагадувањето и слично.

Вообичаените препарати за лекување на акните како ретиноидите, салицилната киселина, овошните киселини, лосионите со антибиотик кои содржат алкохол, не секогаш се од избор за ваквата кожа, бидејќи предизвикуваат реакција на преосетливост. Црвенилото и лупењето на кожата на вашето лице, можат да предизвикаат појава на нови акни (продолжувате да ги третирате со истите препарати со што влегувате во магичен круг на почеток без крај).

Кога барате препарати за вашата кожа, истите треба да се декларирани како некомедогени, да не содржат алкохол, парабени, лаурил сулфат, парфеми.

Не пресушувајте го лицето, два пати дневно е доволно да се измие со препарати кои се нежни и се наменети за сензитивна кожа ( сапун без сапун).

После миењето на лицето, употребете тоник кој ќе го балансира пх на кожата и ќе спречи појава на акни.

Одберете препарати кои се на природна база и содржат алое вера, нане и слично.

Одберете некомедогени креми/ флуиди со спф.

Препаратите кои содржат ретиноиди, салицилна киселина или некоја овошна киселина воопшто да не ги употребувате или ретко, вашата кожа ќе ви покаже колку често и во која количина. 

Да не се миете со топла вода.

Внимавајте на начинот на исхрана. Внесувајте доволно течности ( вода)!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *