Bonaderma

Кремите како ризик фактор за појава на акни

Дали акните се јавуваат поради употреба на несоодветни креми?

Појавата на акните е поврзана со одредена генетика, хормонски дисбаланс, присуство на некои бактерии, грешки во исхраната, премногу стрес и недоволно одмор. Кремите ретко самите по себе предизвикуваат акни, но кога се несоодветни, често можат да ги влошат веќе постоечките.

Би требало да имаме основни сознанија поврзани со кремите кои ги употребуваме за лекување на акните.

Би требало да го прочитаме списокот на состојки во кремите пред да почнеме да ги употребуваме за лекување на акните.

Да објасниме:

Комедоногена состојка ги лепи клетките од рожнатиот слој на кожата содавајќи чеп (ги зачепува порите на лојните жлезди и спречува слободно излевање лој врз кожата што предизвикува појава на комедон или вреќичка исполнета со заробен лој). Комедонот е акна која не е воспалена, не е црвена и нема гноење. Кога комедонот ќе зацрвени или загнои се појавува гнојаничка или воспалена акна. Акногените состојки во кремите предизвикуваат општо влошување на акните.

Тест на употреба на кремата е кога неколку недели се употребува под вообичаени околности и потоа се евалуира појавата на акни. Кремата може да се нанесува на лицето или грбот (регии склони на акни или регии богати со лојни жлезди).

Козметски акни е термин кој се користи за да се опишат акни предизвикани од употреба на густи и мрсни креми. Терминот за прв пат е употребен од француски дерматолог во 40 години од минатиот век. Известува дека при употреба на брилијантин и помади за коса се јавуваат или влошуваат акните во пределот на челото или слепоочниците.

Состојки кои треба да се избегнат бидејќи се комедоногени/акногени:

  • Ацетилиран ланолин
  • Лаурична киселина (внимавајте ја има во кокосовото уље)
  • Cetyl acetate
  • Ethylhexyl palmitate/ octyl palmitate
  • Isopropyl linolate
  • Isopropyl myristate
  • Myristyl myristate

Избегнувајте мрсни и густи креми.
Користите хидрофилни креми наменети за кожа склона на акни.
Истите да се нанесат во тенок слој.

Како да тестирате дали кремата предизвикува акни?
Направите тест на употреба. Одберите дел од кожата на лицето или грбот ( регии богати со лојни жлезди), што нема да го наруши вашиот изглед при евентуална појава на акни. Употребувајте ја кремата во тек на 2 недели. Набљудувајте ја појавата на акни.
Поздрав, др Бонадерма 😍

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *