Bonaderma Xmas tree

Имате сензитивна кожа?

Кожата е сензитивна кога е реактивна на препаратите за одржување хигиена и нега, на различни хемикалии, агенси од околината која не опкружува како што се загадувачите на воздухот, при топлото или ладното време, на ветрот, дождот и сл.  

Сензитивноста на кожата, може да е поврзана со алергија (предизвикана од алергогени состојки како конзерванси, бои или парфеми во кремите) или иритација (од состојки во кремите за лекување акни како бензоил пероксид, салицилна киселина и ретиноиди).

Сензитивната кожа е попропустлива од нормалната кожа, поради што водата и бега (сува кожа). Штетните состојки од надвор, многу повеќе и полесно навлегуваат во сензитивната кожа (нарушена е функцијата на кожна бариера).

Добрите вести се дека можете да си помогнете.

Кожата треба да се третира нежно и во континуитет.

Употребувајте нежни препарати за чистење на кожата ( сапун без сапун).

Употребувајте хипоалергогени препарати (и покрај тоа што поради отсуството на парфеми не се привлечни). Употребувајте млака (не и топла вода) за да не ги отстраните природните маснотии кои ја штитат кожата (потсетете се дека со топлата вода полесно се отстрануваат маснотиите од чиниите за јадење).

Нанесете хидратантна крема во првите 3 минути после пребришувањето на кожата (се задржува водата).

Сигурно не ви треба толку многу сапун колку што вие си замислувате. Употребувајте го сапунот само на оние делови каде има нечистотија, и посебен мирис како пазувите или стапалата или ако имате мрсна кожа, на грбот, вратот, деколтето.

За лице, употребувајте го најнежниот препарат кој може да ја заврши работата. Не ви е потребно чувството на шкрипечки чиста кожа после  миењето. Доколку тоа се случи ќе значи дека сте ги отстраниле сите природните маснотии и сте ја иритирале кожата. 

За сензитивната кожа на рацете, пенест препарат за миење е најдобар избор, бидејќи лесно се одмива. Нанесете го само на дланките бидејќи позадината на шаките, ретко има нечистотии или бактерии, а овде кожата е многу нежна и склона на сушење. 

Употребувајте само хипоалергогени препарати. Сензитивната кожа веројатно дека ќе одреагира на парфеми, конзерванси, гликолна киселина, витамин Ц, ретиноиди, салицилна киселина, бензоил пероксид, некои состојки во препаратите за сунчање. Одберете препарати за сунчање со минерален цинк оксид ( ја даваат најдобрата фото заштита и не ја иритираат кожата).

Бањањето или туширањето, имаат потенцијал да ја хидрираат/ лекуваат или исушат сензитивната кожа. За да се терапевтски и хидрираат, употребувајте млака вода. Употребувајте нежни сапуни/ препарати за миење и бидете сигурни дека секогаш во целост сте ги одмиле. Употребувајте ги само таму каде е неопходно. Хидратантната крема нанесете ја во текот на првите три минути по пребришување на кожата.

Употребувајте хипоалергогени препарати богати со масла и состојки кои ја врзуваат водата и длабоко навлегуваат во кожата.

Поздрав до следниот блог, Бонадерма❤️


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *