Прим. др. спец. Лидија

Доверете ни ја грижата за здравјето и убавината на вашата кожа... Бидејќи, ние знаеме како...

Доверете ни ја грижата за здравјето и убавината на вашата кожа... Бидејќи, ние знаеме како...

Дерматолошки прегледи

Прегледи и соодветна терапија и/или препорака за лекување, на сите кожни промени и заболувања на кожата, косата и ноктите.

Дерматолошко-естетски услуги

Прегледи и лекување на акни преку најсовремени методи и апарати. Прегледи и лекување на болести на косата. Прегледи и лекување на болести на ноктите. Третмани против стареење на кожата

За Нас

ПЗУ Бонадерма е новооснована дерматолошко-естетска ординација, со лекар специјалист дерматовенеролог, Прим. Д-р Лидија Голева-Мишевска, која има долгогодишно работно искуство на Клиниката за дерматологија во Скопје. Своето знаење и работно искуство, го проширува и преку учество на повеќе дерматолошки конгреси во земјава и надвор, како и студиски престои на повеќе дерматолошки оддели во Шведска, Финска, Германија.

Располагаме со современа апаратура како ласер, апарати кои емитуваат радиобранови, ултразвучна кавитациона липосукција, сонофореза, виртуелна мезотерапија и класична мезотерапија, дијамантска микродермоабразија, инфузиона оксигенација, криотерапија... Успешно ја применуваме ПРП методата или Platelets Reach Plasma за успорување на процесот на стареење на кожата, за измазнување на лузни, за поттикнување раст на коса...

Новости

Зимата и акните

Помислата за зимата со снежната белина ❄️ ❄️❄️, празничните декорации,🎄🎄🎄 топлото какао и книгата која не пренесува во други времиња и простори, ни предизвикуваат чувство на радост 😀😀😀 Магијата на зимата и чувството на радост, можат да ни исчезнат со погледот во огледалото кога на лицето си откриваме сува, црвена кожа која се лупи и … Continue reading Зимата и акните

Масна и сензитивна кожа на лицето?

Масната кожа е склона на појава на акни. Кога масната кожа е и сензитивна, склона е и на појава на црвенило, сувост и лупење како резултат на делувањето на различни фактори од околината. Тие се топлото и ладно време, ветарот, дождот, аерозагадувањето и слично.

Имате сензитивна кожа?

Кожата е сензитивна кога е реактивна на препаратите за одржување хигиена и нега, на различни хемикалии, агенси од околината која не опкружува како што се загадувачите на воздухот, при топлото или ладното време, на ветрот, дождот и сл.  

Кремите како ризик фактор за појава на акни

Дали акните се јавуваат поради употреба на несоодветни креми? Појавата на акните е поврзана со одредена генетика, хормонски дисбаланс, присуство на некои бактерии, грешки во исхраната, премногу стрес и недоволно одмор. Кремите ретко самите по себе предизвикуваат акни, но кога се несоодветни, често можат да ги влошат веќе постоечките.

Локација

Нашата локација е во Трговскиот Центар Капиштец. На прв спрат.
Улица: Васил Ѓоргов 20 б

Trgovski centar Kapishtec

ТЦ Капиштец. Десно имате место за паркинг.

Vlez na trgovski centar Kapishtec

Главниот влез на ТЦ Капиштец.

Контакт

Прим. др. спец. Дерматовенеролог
Лидија Голева - Мишевска

Работно Време
  • Понеделник - Сабота 11:00 - 19:00
  • Недела Неработен

Прегледите и третманите се со закажување.

Консултациите се бесплатни